Актуелниот заменик-министер за финансии Ковачевски вчера беше избран за нов претседател на СДСМ, а се очекува, откако беше обезбедено ново парламентарно мнозинство, да го замени Зоран Заев на премиерската функција.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски не сака да шпекулира дали ќе биде на чело на ова Министерство и во новата влада. За тоа, вели, ќе одлучи новоизбраниот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој треба да биде и мандатар за состав на новата влада.

-Ова не е прашање за мене, туку за мандатарот, кој ќе одлучува за тоа. Јас сум посветен да одработам тоа што треба да одработам. Мандатарот ќе одлучи за тоа кои ќе му бидат кандидати за челните позиции, рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Пробиштип.