Се уште актуелниот лидер на СДСМ, Зоран Заев гласаше на вонредните внатрепартиски избори. Како што е познато, тој поднесе оставка од оваа позиција, па откако беа распишани изборите, се појавија тројца кандидати. Димитар Ковачевски, Јован Депостовски и Фросина Ременски се тркаат за позицијата лидер на СДСМ. Кој ќе биде наследникот на Заев ќе се дознае вечерва, а со оглед на тоа дека Димитар Ковачевски е негов фаворит, лесно може да се претпостави за кого Заев го дал својот глас.