Сите дефекти во преносната мрежа се отстранети и обезбедено е редовно напојување со електрична енергија во делот на АД МЕПСО, велат од оваа компанија.

На овој начин нормализирано е снабдувањето со електрична енергија за жителите на Дебар, Ресен, Охрид и Струга, и околните населени места откако претпладнево поради невремето и снежните врнежи без напон останаа  110кV далекувод Вруток шпиље и 110кV далекувод Битола Ресен.