Гордана Гоџо, една од активистите кои протестираа против мерките против Ковид 19 во летниот период, објави видео на социјалните мрежи на вербален конфликт со вработени во училиште кои не дозволуваат децата да влегуваат без маски, објави А1он.мк. Инсистираат на почитување на протоколите, како што може да се слушне на видеото, но таа повторува дека нејзиното дете нема да носи маска.

Инаку, Гордана Гоџо е активистка која сечеше маски за време на протести, во знак на револт и искажувајќи непочитување кон мерките. За време на нејзин говор, присутните извикуваа “убијци, убијци” за докторите.