Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ја прими титулата почесен граѓанин на Општина Лежа во Република Албанија.

– Особено сум почестен и горд што денеска ја примив титулата Почесен граѓанин на Општина Лежа. Уште еден симбол за мостовите и нераскинливите врски кои ги негуваме со Република Албанија, посочува Џафери во објавата на својот фејсбук-профил.