Познатиот руски астролог Павел Глоба ги објави своите предвидувања за годината што доаѓа и што ги очекува хороскопските знаци во 2022 година.

Според него, три знаци во Зодијакот ќе се соочат со бројни предизвици. Добрата вест е дека тоа ќе ги зајакне сите и ќе ги научи на важни животни лекции.

Стрелец

Обратете внимание на личниот живот, семејството и на вашиот професионален раст и развој. Пред да инвестирате во некој бизнис, добро размислете и направете детален план. Ѕвездите нема да ви бидат наклонети кога станува збор за финансии, па постои можност да загубите голема сума поради лоша одлука. Во текот на 2022 година, обидете се да поминувате повеќе време во природа и да правите работи што ве исполнуваат. Важно е да сфатите дека не е секој момент погоден за носење важни одлуки и дека понекогаш треба да му се препуштите на животот и да уживате.

Рак

Во 2022 година ќе има моменти кога ќе посакате да „излезете“ од сопствената кожа. Ќе наидете на многу напнати и стресни ситуации, но обидете се да ги надминете, а притоа да останете смирени. Ова е само тест на судбината, затоа внимавајте на потезите што ги правите. Не би било лошо да почнете да вежбате медитација за полесно да ги надминете сите грижи и неволји. И покрај сите препреки кои ќе се најдат на вашиот пат, сепак на крајот на годината ќе бидете психички посилни.

Јарец

Исто како и Стрелецот, така и вашата година нема да биде претерано добра кога станува збор за финансиската состојба. Ќе трошите повеќе отколку што заработувате, а големи се шансите да останете без поголема сума пари поради лоша одлука. Сепак, на почетокот на пролетта ќе имате можност да започнете сопствен бизнис кој ќе биде профитабилен. Внимателно следете сè што се случува околу вас за да не ја пропуштите вистинската можност да успеете во животот, пишува Atma.hr.