Командантот на противпожарната бригада Владимир Симоновски потврди дека има една жртва во пожарот кој избувна во зграда во општина Аеродром доцна вчера попладне. Тој вели дека жената, која за денеска имала закажано операција, не можела да побегне, се задушила од отровните гасови. Жената имала карцином и живеела сама во станот.
Пожарот се случил на улицата Методиј Шаторов Шарло.