Славниот македонски гитарист Влатко Стефановски за време на концертот во Загреб го доби најголемото дискографско признание во Хрватска, „Multi-platinum award“, за исклучителни дискографски достигнувања во музиката. Стефановски го доби признанието директно на сцената на познатата концертна сала „Ватрослав Лисински“, и тоа лично од Желимир Бабогредац, претседател на Хрватското дискографско здружение и директор на „Кроација рекордс“.

На концертот во Загреб, Стефановски го промовира најновиот албум – „Тафталиџе шафл“, настапувајќи со своето трио, во кое се неговиот син Јан Стефановски (тапани) и Иван Кукуќ (бас-гитара), а им се приклучи и Дамир Имери на клавијатури. Гостин на концертот беше познатиот актер Раде Шербеџија.