Храброста е тоа што најмногу им недостасува на жените да излезат и да кажат „жртви сме, имаме потреба од помош“. Затоа имаме потреба од институциите да бидат позади нас и да ни помагаат. Ова го изјави Билјана Ангелова, сопруга на амбасадорот на Р. Бугарија во РС Македонија Ангел Ангелов, и иницијатор на кампањата „Стоп на домашното насилство, биди храбра“ на денешната дебата „Жената како жртва на насилство- механизми за заштита и помош од институциите“ во организација на Американскиот универзитет на Европа-ФОН.

„Кампањата е 16 дена во годината, но насилството е 365 дена. За жал, тоа не е само кон жените, тоа е и кон децата. Ќе речете дека има насилство и кон мажите и веројатно ќе бидете во право“, изјави Ангелова и најави дека следната година ќе организира кампања „Стоп за домашното насилство-животот е твој“.

Ангелова потсети дека на 12.12 в 12 часот во Скопје и во уште осум градови во РС Македонија со дозвола на градоначалниците, ќе се одржат протести со молчење во поддршка на жените жртви на домашно насилство.
Во своето излагање Ангелова им се заблагодари на домаќините на дебатата Американски универзитет во Европа-ФОН, на бенифициентите на проектот „Организација на жени на град Скопје“, „Кризен центар Надеж“ и невладината организација „Една може“. Целото обраќање на г-ѓата Ангелова видете во видеото што следи:

Извор: Трибуна