Околу 140 здравствени работници со договор на дело се изложени на ризик да останат без работа по 31 декември, по што им истекува договорот. Две години од кога биле ангажирани како патронажни сестри, велат дека работеле секаде каде што имало потреба. Тие дури биле во директен контакт со заразените со корона вирусот. Денеска се собраа пред Министерството за здравство за да побараат решавање на нивниот статус.

„Ние сме 16 сестри во Тетово кои бараат статусно решение. Во јуни ги продолживме договорите и ни беше ветено дека до 12-ти месец ќе имаме договори, потоа не знаеме ништо. Од 2 мај сме ангажирани во Ковид центарот, каде што вакциниравме против Ковид19. Сите сестри биле ангажирани како тие со решенија така и ние.

Филипче за АЛСАТ изјави дека до крајот на оваа недела ќе се сретне со оваа група лекари и вети решение за нивниот статус.