Денес во поладневните часови две лица се изгубени во близина на Неолица (најблизок рид до Битола од планината Баба-Пелистер).
Лицата телефонски пријавиле во СВР Битола дека се дезориентирани во просторот и залутале далеку од пешачката патека. СВР Битола го известува Центарот за управување со кризи, а од страна на РЦУК Битола известени се Горска служба од Битола и ДЗС Битола.
Тимови за потрага и спасување се излезени на терен, воспоставен е телефонски контакт со изгубените лица и добиени се информации за нивно последно движење како претпоставена локација, но за жал батериите и на двата телефонски апарати им се комплетно испразнети, а последната комуникација на службите за потрага на терен со лицата е објавена пред 30 минути. Без разлика на неможноста за контакт и комуникација со изгубените лица, службите се сеуште активни во потрагата на теренот.
Центарот за управување со кризи останува и понатаму во комуникација со тимовите вклучени во потрагата, како и СВР Битола и за сите понатамошни случувања благовремено ќе извести.