Координаторот на пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива и пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, во понеделник ќе се повлече од таа позиција и како што самиот тој соопшти, за таа одлука ќе го извести собранискиот спикер Талат Џафери.

Според „Слободен печат“ можно е нов потпретседател на Собранието да биде токму Реџепи, откако Алтернатива стана дел од владејачкото мнозинство.

„Врз основа на новите политички случувања и одлуката на Централното собрание на Алтернатива дека ние како политички субјект се приклучивме на извршната власт и на парламентарното мнозинство, утре официјално ќе го известам претседателот на Собранието на Северна Македонија за мојата оставка од позицијата координатор на пратеничката група на Алтеранатива и Алијанса за Албанците“, се вели во објавата на Реџепи.