Две децении нерешени прашања ќе се решаваат во следните четири години, смета Африм Гаши лидер на Алтернатива, партија која влезе во Владата. Меѓу позначајните барања кои се одобрени од СДСМ и ДУИ е меѓународна истрага за судски процеси кои се воделе во Македонија, а биле оценети како политички инструирани.

„Владата ќе ги ангажира сите капацитети за да отпочнеме со преговори со ЕУ и успешно затворање во пократок можен рок. Владата ќе побара екипа од независни експерти да направат меѓународна истрага за Монструм, Алмир Алиу и така натака. Владата ќе донесе закон за меѓународен развој за развој на липковскиот регион. Владата ќе развие и ќе спроведе политики за правата на сите заедници во државата, а особено ќе ги поддржи тие за семејството. Ќе ги поддржи политиките за борбата против криминалот и корупцијата. Владата ќе го ревидира законот за извршување кој треба да е во интерес на граѓаните, а потоа на институциите. Владата ќе направи стратегија за развој и квалитет на образованието. Владата ќе работи за спроведување на проектите на сите нивоа, преку зголемување на одговорноста кај функционерите“, кажа Гаши додајваќи дека ова е дел од новата владина програма.