Зоран Заев дојде во состојба на катарза по несреќниот пуч во 2017, сите одлуки вклучувајќи го и Преспснскиот договор, ги разочараа луѓето бидејќи тој човек го реши тридецениското прашање, вели аналитичарот Ненад Јовановиќ во “Само вистина”

-Кога странците видоа дека можеме да го решиме ова, а притоа тие изградија политички кариери на овој спор, а веројатно ќе се влечевме уште многу години, ја видоа нашата моќ. Решен е спорот за нашите идни генерации да немаат спор со Грција и да не ја мразат, додава тој.

Според Јовановиќ идејата на НАТО е да докаже на западните дојузници дека сме дел од западната цивилизација, не дека само не штити и дека немаме војска.

-А западната цивилизација работи на развој на правото, демократијата, а не дека ќе бидеме луѓе што го мразат македонизмот. Ако продолжиме со национализмот земјава ќе биде дезинтегрирана и луѓето ќе заминуваат. Ние соседите или не ги гледаме или кога ги гледаме не ги сакаме, додава Јовановиќ.