epa08246992 Exterior view on the hospital and clinic for infections ‘Fran Mihaljevic’ in Zagreb, Croatia, 25 February 2020. Croatian authorities confirmed on 25 February a first patient with milder symptoms of coronavirus. The patient is younger person and now he is in isolation with temporary good condition at quarantine in hospital. The patient came from Milan, Italy. EPA-EFE/ANTONIO BAT
Главната научничка на Светската здравствена организација (СЗО) Сума Сваминатан денеска ги повика луѓето да не паничат поради појавата на Омикрон и рече дека е премногу рано да се извлечат заклучоци за новата варијанта.
Во интервју за Ројтерс Некст, Сума Сваминатан рече дека е невозможно да се предвиди дали Омикрон ќе стане доминантна варијанта на коронавирусот.
Треба да бидеме подготвени и внимателни, но да не се паничи бидејќи сме во поинаква ситуација од пред една година. Делта сочинува 99 отсто од инфекциите во светот. Оваа варијанта би требало да биде позаразна за да ја надмине Делта и да стане доминантна во светот. Можно е, но не е можно да се предвиди. Мора да почекаме, да се надеваме дека е поблага … но прерано е да се заклучи за варијантата како целина, рече Сваминатан.
Таа најави дека СЗО следната недела ќе свика глобална група на експерти за да ги одреди приоритетите за истражување на Омикрон.
Коментирајќи ја потенцијалната потреба од вакцинација со бустер доза против коронавирус еднаш годишно, таа рече дека СЗО се подгoтвува за сите сценарија.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.