Швајцарските кантони Женева и Во, ставија во карантин 2.000 лица, претежно деца, откако во меѓународно училиште се откриени два случаја на коронавирус од типот Омикрон.
„По два потврдени случаја на варијантата Омикрон оваа недела во кампусот Шатоне, меѓународното училиште во Женева, медицинските служби Во и Женева заеднички одлучија да ги стават во карантин сите студенти и персоналот на кампусот 10 дена“, се вели во соопштението на женевските власти.
Околу 1.600 лица во карантин во Во и Женева се деца, а покрај учениците, тест треба да направат и родители, браќа и сестри.
Швајцарија идентификуваше неколку случаи на новата варијанта на Ковид во пет кантони и воведе забрана за патување од Јужна Африка и услови за карантин за пристигнувања од 23 земји, вклучително и Јапонија, Британија и Канада.