Министерството за здравство информира, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на КОВИД-19. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 16 починати лица. Дополнително, согласно Регистарот на починати лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 30.11.2021. Во изминатото деноноќие регистрирани сe 376 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи изнесува 8.050.