Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска издаде писмен налог до ситејавни институции под надлежност на Градот да направат проценка и да поставатпристапни рампи за лица со попречености.

Рокот за имплементација на оваа активност е 60 дена, а поставувањето на пристапните рампи е дел од Програмата на Град Скопје за овозможување поголема пристапност за лицата со попреченост до институциите во градот. Градот Скопје започнува сеопфатна програма за остварување на еден од главните приоритети за остварување на правата од социјална заштита на лицата со попреченост, односно подобрување на квалитетот на секојдневното живеење и создавање услови за независен живот.