„На последниот Централен одбор утврдивме дека оставката е констатирана. Оставката не е дискутабилна и роковите течат за избор на нов претседател. И роковите за оставка од премиерската функција ќе почне да тече, но моравме да осигураме стабилност и зголемување на парламентарното мнозинство, затоа што нема да дозволиме државата да западне во политичка криза, изјави пратеничката Славјнка Петровска во емисијата „Само вистина“.
Таа истакна дека жали за тоа што опозицијата се обидува грубо да ја партизира оставката на премиерот Зоран Заев. Додавајќи дека премиерот си го остварил зборот.
„Кога ќе биде поднесена оставката од премиерската функција, паѓа и Владата. Во таков случај во Собранието ќе течат роковите за избор на нова Влада. Ако СДСМ нема раководство, а треба да се бира Влада во Собранието ќе западневме во политичка криза, затоа беше одложена оставката“, кажа Петровска.