Табличката на овој автобус не постои, вели директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини во емисијата „Клик плус“, како одговор на прашањето дали кобниот автобус на „Беса транс“, кој се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија бил регистриран.

Хусеини вели дека добил 58 извештаи од Министерството за внатрешни работи од „Деве Баир“ и сите регистарски таблички на возилата биле регистрирани.

Тој уште еднаш истакна дека не е одговорен за тоа дека автобусот ја поминал границата 130 пати и што не е регистриран никаде.