Дијалогот на високо ниво е клучен за градење доверба и надминување на спорните прашања во односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Ова е заедничкиот став на бугарскиот претседател Румен Радев и на премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев, кои денеска разговараа телефонски по иницијатива на премиерот Заев.

Главни теми во разговорот меѓу Радев и Заев биле аспектите на билатералните односи меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, за ефективното почитување на правата на луѓето кои отворено се изјаснуваат како Бугари во РС Македонија, како и европската перспектива на земјата.