Денес во софиската болница „Пирогов“ се испишани четири лица кои беа повредени во страшната сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, јавуваат бугарските медиуми.
Медицински тимови од Северна Македонија и Србија ги подигнаа пациентите за да ги однесат дома, соопштија од болницата.
Од таму додаваат дека едно лице од пациентите останува на опсервација на Клиниката за неврохирургија. Тој бил подложен на две успешни операции – на потколеницата и на ‘рбетот, но како што велат од болницата, тој непречено закрепнува и веќе се движи.
Пациентите се отпуштени од Клиниката за изгореници и пластична хирургија, а во последните 24 часа нема промена во нивната состојба.