Чистиот црн дроб значи здравје, виталност, здрав изглед и добро расположение.
Маслиновото масло помага во отворањето на каналите на црниот дроб и жолчното кесе. Лимонот, исто така, е добар во тоа, а витаминот Ц ги чисти вените од наслагите на холестерол.
Црниот дроб е важен орган и има улога на преработувач на крвта. Освен тоа, помага во зајакнувањето и го стимулира варењето на храната. Не е претерано да се каже дека чистиот црн дроб значи здравје, виталност, здрав изглед и добро расположение.
Секојдневно можете да направите нешто за својот црн дроб. На празен желудник секој ден напијте се една лажица маслиново масло помешана со лимонов сок. Важно е тоа да го испиете на празен желудник.
Овие состојки се лесно достапни, а нивното комбинирање е лесно. По еден месец ќе почувствувате значителни промени. Ќе ви се намалат подочниците, вашиот тен ќе изгледа посјајно, а системот за варење ќе ви функционира одлично. Освен тоа, ќе бидете и полни со енергија.