Каде ја чувате четката за заби? Овој факт може значително да влијае на вашето здравје.

Mожеби ви изгледа невино, но не заборавајте дека околу 10 милиони бактерии можат да бидат во неа (вклучувајќи ги „E.coli“ и стафилококи).

Во секој момент, до 200 видови се наоѓаат во вашата уста, а оние кои се мијат редовно можат да бидат валкани исто како под во тоалет.

Доколку ја чувате кај мијалникот, ќе ја контаминирате со водата која прска кога пуштате вода додека миете раце.

Професорот Чарлс Герб од Универзитетот во Аризона, тврди дека бактериите по пуштањето на вода во вц шолјата, остануваат доволно долго во воздухот, па така што на враќањето ќе најдат ново живеалиште.

Дали да ги ставате во некој сад и да ги затворате? Не го правете тоа! Тогаш четката не може да се исуши, поради тоа на неа расте мувла. Доколку ги чувате сите четки заедно, тогаш бактериите се шират на секоја од нив.

Како ја чувате вашата четка за заби?

За почеток, купете си нова. Манувајте ја четката на секои три до четири месеци.

Чистете ја повремено, некои дури советуваат да се стави во машина за садови.

Затворете го поклопецот од тоалет шолјата, но ова правете го секогаш.