Автобусот што изгоре и во кој животот го загубија 45 лица, не бил пријавен за вршење меѓународен превоз, соопшти министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на вечерашната прес-конференција во Владата на РС Македонија, поврзана со трагедијата што се случи во Бугарија.

Бочварски посочи дека „Беса транс“ има пријавено четири возила, но опожареното, не е меѓу нив.

„Сега, отпочната е и постапка за одземање на лиценцата на превозникот, а Инспекторатот ќе направи вонреден инспекциски надзор“, додаде тој.