Градоначалникот на Студеничани, Азем Садики соопшти дека над 20 лица загинати во трагичната несреќа во Бугарија се од оваа општина.

„Ова е голема загуба , за сите нас, за цела држава, а особено за Студеничани. Болката е огромна, изразувам сочувство , а Господ загинатите да ги дарува со Џенет. “ , рече градоначалникот.

Тој додаде дека меѓу загинатите се и мајка со четири деца и нејзината сестра со две деца, и уште една наставничка со ќерка и.