„Што ли уште треба да се случи за некој да понесе одговорност во Македонија“, ова прашање го постави во објава на својот личен Facebook профил репортерката на Дојче Веле, Арбнора Мемети.

„Неодговорноста на некои владини функционери граѓаните ја плаќаат со живот.
Tехничките прегледи на Дурмо Турс се платени со живот, изградбата на модуларна болница во Тетово се плаќа со живот…

46 граѓани денеска со живот платија за низа други отстапки кои една по друга се објавуваат во медиумите.. Уште колку животи треба да згаснат за некој конечно да одговара за сето ова што се случува, прашува Мемети.