Претсетаделот Стево Пендаровски ја поддржува владината мерка за вакцинација на администрацијата и здравствениот персонал.

Според него, и Уставниот суд вели дека јавното здравје е поважно добро од правото на избор.

-Ја поддржувам владината мерка зашто сите земји во регионот имаат слични мерки, како и многу западни земји. Ги гледам реакциите во јавноста, но се поведувам по правниот основ. Постои такво нешто во Законот за здравствена заштита, постои и како приоритет во Уставот, дека јавното здравје е многу поважно од правото на избор. Во април годинава таква одлука во врска со еден случај од Чешка донесе и Европскиот суд за човекови права, рече Пендаровски во гостувањето на ТВ Сител.

Тој информира и дека сите членови на неговиот Кабинет се вакцинирани.

На прашањето во врска со ускратената лекарска помош за Орце Камчев, Пендаровски одговори дека до него не е стигната претставка за овој случај. Претседателот очекува надлежните да го испитаат ова до крај зашто такви аматерски грешки, ако е тоа вистина, не смееме да си дозволиме.

-И покрај пандемијата, бројот на претставки е во благ пораст. До мене нема стигнато претставка конкретно за тој случај. Европскиот суд може да наложи и времена мерка, но од тоа е изземено евентуалното пуштање на притвореникот. Судот може да побара забрзузвање или успорување на постапката. Очекувам нашите органи и Министерството за правда да го испитаат тоа до крај. Ако е така, тоа зборува многу лошо за државата во целина. Освен бугарскиот спор по кој, за жал, станавме познати во цела Европа и во светот, не би смееле да си дозволиме такви аматерски грешки во нашето портфолио уште пред да почнеме да прегвараме, потенцира претседателот.