За новиот охридски градоначалник, Кирил Пецаков, објектите на охридските плажи, кои пред почетокот на летната сезона дел беа отстранети, а дел затворени, не биле дивоградби. Според него станувало збор за неспособност на претходната локална власт да се справи со ова прашање. На плажите со години им беа истечени договорите за концесија, па тие работеа на диво.

„Сите тие беа направени со проекти кои беа прифатени од Министерството за транспорт и врски и дел општина Охрид. Како биле дивоградби. Тоа не дивоградба. Не станува збор за дивоградби,станува збор за проекти врз основа на кои беа издадени плажите на концесија,а претходната локална самоуправа вклучувајки ја и централната власт од 2017 ,а некои и од 2016 не најдоа начин да ги решат. Или зборувате можеби за дивоградбата каде срушија три цигли или дел од кровот“, рече Пецаков.

Пецаков,планира објектите на плажите кои минатото лето не работеа, повторно да почнат со работа. Инаку на дел од нив на почетокот на јуни беа отстранети платформите изградени во езерото, а објектите останаа без струја.

Извор АлсатМ