Фото гостиварпрес

Четири бараки на улицата „Илинденска“ во Гостивар утринава изгореле до темел, но за среќа нема жртви. Во пожарот своите домови ги загубија осум семејства, од кои повеќето се социјални случаи.

Засега не се познати причините за пожарот, а семејствата ги загубија домовите и целата покуќнина. Тие бараат сместување.

Пожарникарите брзо интервенирале, но огнот брзо го голтал стариот материјал и покуќнината.