Актуелниот заменик-министер за финансии и долгогодишен член на СДСМ, Димитар Ковачевски ќе биде идниот премиер на новата влада, дознава Локално од свои извори.

Од порталот додаваат дека Петре Шилегов заедно со Ковачевски е во игра за лидер на партијата .

Заев на средбата со лидерот на Алтернатива Африм Гаши, која во моментов се одржува во Клубот на пратениците е придружуван од заменик-министерот за финансии. Во медиумите изминатиов приод се шпекулираше дека Ковачевски може да биде идниот мандатар.

Според биографијата објавена на официјалната страница на Владата, 47-годишниот Димитар Ковачевски е роден во Куманово. Доктор е на економски науки, вонреден професор на Факултетот за деловна економија и менаџмент на Универзитетот „Американ Колеџ“ Скопје. Тој е предавач на додипломските, постдипломските и докторските студии и е автор на голем број научни трудови од областа на економија и менаџмент објавени во меѓународни научни списанија и конференции.