“Бугарски воз“, според сите изгледи, се случил во вториот круг локални избори во Дебар. Дознаваме дека во ДИК е констатирано дека во Изборната единица бр. 0536 недостига еден гласачки лист. Недостигот на еден лист претставува силен сигнал дека таму се случил „бугарски воз“. Покрај ова, во формуларот бр. 16 направени се корекции на резултатот, додека формуларот бр. 20, во кој се опишува зошто се направени корекции, не е предаден во ДИК, иако се смета за доверлив изборен материјал.

Слична ситуација се јавува и во најмалку четири други изборни места. Уште поскандалозен е фактот дека ДИК, со надгласување, одби до сега три жалби на Алеанса за Албанците и покрај откриените големи нерегуларности.

„Бугарски воз“ на избори е практика кога се краде еден избирачки лист, му се дава на еден гласач со заокружен број и тој го става листот во кутија, а празниот лист што го зел при гласањето, го вади надвор и го предава. На следниот гласач му се дава листот, повторно со заокружен број и тој го враќа празниот лист. И така по ред.