Начелно верувам дека органите на партијата ќе одлучат Алтернатива да биде дел од Владата, изјави за „Слободен печат“ Скендер Реџепи, пратеник и член на претседателството на Алтернатива. Во исчекување на средбата помеѓу лидеот на Алтернатива Африм Гаши и премиерот Зоран Заев за можен влез на Алтернатива во Владата, Реџепи вели дека очекувањата во партијата се дека предност ќе дадат на евроинтеграциските процеси на земјава и на програмските ветувања до граѓаните.

Тој вели дека досега немало понуда за министерски позиции. Очекува сликата да биде појасна по средбата помеѓу Заев и Гаши која треба да се случи деновиве.

Реџепи му одговори и на генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, кој во гостување на телевизијата Шења рече дека Алтернатива и да влез во власта ако опозицијата создаде парламентарно мнозинство од 61 пратеник партијата на Гаши ќе гласа за уривање на Владата.

Таравари сигурно мисли на Беса, а зборува за Алтернатива. Ние сме Алтернатива, не сме Беса. Ако Алтернатива одлучи да биде дел од власта тој договор ќе важи до крајот на мандатот на Владата- вели Реџепи.