Денеска во 06.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„20“ во скопското село Сарај, во близина на мостот Сарај, настанал пожар во автобус, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.С. од Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Возачот К.А.(45) од с.Глуво, скопско, го ставил автобусот во погон да се загрее, по што забележал дека од задната страна кај моторот настанал пожарот. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил локализиран, а повредени лица нема. Увид е извршен“, соопшти МВР.