Вкусните портокали се најдобриот избор во ладните денови. Исклучително се здрави, богати со витамини и влакна.

Ако не ги јадете редовно, ви откриваме 4 причини поради кои би требало портокалите да станат вашето омилено овошје.

Го зајакнуваат имунитетот

Портокалите се богат извор на витаминот Ц. Овој важен нутриент го зајакнува имунитетот, па така ве штити од болести и инфекции.

Одлични се за кожата

Портокалите се богати со антиоксиданти и витамин Ц, состојки кои го забавуваат процесот на стареење. Ако сакате да ја спречите појавата на брчките, почесто јадете портокали.

Го чуваат здравјето на очите

Портокалите се богати со нутриенти како витаминот А, Ц и калиум кои се важни за зачувување на здравјетo на очите.

Спречуваат чир во желудникот

Портокалите се добар извор на влакна кои го чуваат здравјето на стомакот. Исхраната богата со влакна спречува болести како чир на желудникот и опстипација.