Вицепремиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи, во гостувањето на „Утрински брифинг“ рече дека наскоро ќе добиеме нова влада која како и досегашната ќе биде предводена од актуелниот премиер Зоран Заев, но ќе има промени на министерските функции.

„Во нашето општество скоро е невозможно да имате премиер различен од претседател на носечката партија освен ако нема техничка или експертска влада. Сега следува консолидација на партијата и понатаму нов мандатар за нова влада. Сметам дека наскоро ќе добиеме ’Заев три влада’, повторно предводена од Заев со тоа што ќе се сменат шест-седум министри. Мислам дека тој ни треба за да продолжат некои процеси, рече Битиќи за „Утрински брифинг“.