Без разлика каква влада има во моментот и каква влада ќе има во иднина, Бугарија не може да го промени својот став во однос на РС Македонија. Ова за БГНЕС го изјави европратеникот и заменик претседател на ЕПП Андреј Ковачев, кој е еден од најдобрите познавачи на бугарско-македонските односи, пренесува Трибуна.

„Земјата кандидатка РС Македонија мора да ги почитува основните човекови права и демократските принципи. Таа мора да ја гарантира недискриминацијата и да создаде јавна атмосфера без говор на омраза. Бугарите во РС Македонија не смеат да живеат во страв, дека нема да најдат работа или дека ќе бидат предмет на навреди и закани“, рече Ковачев.

Тој нагласи дека наивноста и неискуството не се оправдување за носење одлуки кога е во прашање РС Македонија.

Да, и економијата и инфраструктурата и енергетиката се важни, но најважно е да се надмине неединството и омразата од минатото. За жал, „длабоката држава“ во РС Македонија работи против ова. Наивноста и неискуството не се оправдување. Прифаќање на неприфатливото е предавство. Единството барем на оваа тема мора да се зачува! Немаме право во името на нашите предци и нашите деца да подлегнеме на каков било притисок од каде било!“, изјави европратеникот Андреј Ковачев за БГНЕС.