Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за Франс 24 ја опиша како „апсурдна“ ситуацијата во која се наоѓа неговата земја на патот кон отпочнување на пристапните преговори за влез во ЕУ.

„Ние сме во навистина апсурдна ситуација. Во моментов Албанија трпи штета поради спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија и покрај зеленото светло што го добивме од Европската комисија“, рече Рама.

Според него, „ниту Франција, ниту Германија немаат моќ да влијаат врз Бугарија… Ова го прави процесот уште покомплициран, бидејќи меѓу нас и ЕУ се јавува прашање, кое е билатерално меѓу Бугарија и Северна Македонија“, рече Еди. Рама.

Албанскиот премиер смета дека „мирот на Балканот се уште не е конечен, бидејќи има проблеми што треба да се решат, особено меѓу Србија и Косово“. „Истовремено, треба да ги научиме лекциите од историјата. Треба да го следиме патот по кој тргнаа Франција и Германија по Втората светска војна“, рече Еди Рама.