ВМРО-ДПМНЕ реагираше денес што два месеци по пожарот во Тетовската болница нема ништо конкретно од истрагата за тоа чија е одговорноста.

-По два месеци, Обвинителството сè уште нема утврдено кривична одговорност за избувнување на пожарот на 8 септември кога живи изгореа 14 лица. Истрагата не покажала, цитирам: „Ништо конкретно“ ова се зборовите на ЈО Вилма Русковска, дадена за една национална телевизија.

Два месеци нема ништо конкретно за одговорност поврзана со користените материјали за  градба на болницата. Ништо конкретно за одговорност поврзана со противпожарните протоколи во болницата. Ништо конкретно за одговорноста за посетите на роднините во објект, внимавајте – ковид центар.

Ништо конкретно за несоодветна инсталација, за присуство на кислородни боци каде што имало и електрични апарати со висок напон, ништо конкретно за било што коешто води до одговорност кон Венко Филипче, Илир Хасани, Шахпаска, Анѓушев или било кој друг поврзан со градбата на модуларните болници, за било кого од луѓето на режимот на Зоран Заев и СДСМ.Два месеци ништо конкретно од истрагите на ЈО, истрагата на пет јавни обвинители од Скопје и од Тетово, нема ништо конкретно од истрагата на МВР кое води паралелна истрага, ниту конкретно од било која институција за најтраорната трагедија во современата македонска историја…Обвинија кабел, ништо друго конкретно од истрагата. Обвинија кабел за Венко Филипче и Зоран Заев да се спасат, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.