Шест месеци затвор доби Зоран Милески Кичеец за сообраќајката кај Стража во која седум лица беа повредени, а едно го загуби животот.

Според информациите од обвинителство кои ги објавија повеќе медиуми , обвинетиот постигнал спогодба со обвинителството, а судија на претходна постапка ја прифатил спогодбата.

Причина за тешката сообраќајна несреќа во која седум лица беа повредени, а едно го загуби животот е претекнување на полна линија, наведуваат од ОЈО Гостивар. Заради ваквиот соменж, за лицето кое го управуавло мерцедсот е побаран притвор.

Во соопштение, кое го објавиОЈО Гостивар донесена е Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Според ОЈО Гостивар, на 4 септември, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, осомничениот како учесник во сообраќајот на јавните патишта не се придржувал кон прописите и го загрозил јавниот сообраќај.

– Движејќи се со патничко моторно возило „Мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, тој на критичното место не ја прилагодил брзината на движење според состојбите и условите на патот и на видно обележана полна надолжна линија започнал престигнување на возилото пред него – автомобил „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки. Во истиот момент, во обратна насока кон Кичево се движел автомобил „Санг Јонг“ со гостиварски ознаки, на кое осомничениот му го попречил патот, па директно удрил со предниот десен дел од „Мерцедесот“ во предниот десен дел од автомобилот „Санг Јонг“. Удреното возило со левиот страничен дел, пак, удрило и во автомобилот „БМВ“ кој бил претекнуван. Во несреќата, животот го загубил сопатник во автомобилот „Санг Јонг“, четири лица се здобиле со тешки телесни повреди, а тројца, меѓу кои и осомничениот, се здобиле со телесни повреди, се наведува во соопштението на ЈО.