Градот Скопје годинава ќе биде украсен за Нова Година за цена од 243.000 евра. Договорот го потпишал поранешниот градоначалник Петре Шилегов, а компанијата која ќе го украсува градот е „Линк медиа пус“. Фирмата била единствениот понудувач на јавниот повик објавен.

-Украсување предвидува поставување централна новогодишна елка на Плоштадот Македонија и украсување на неколку други локации и улици. Украсувањето треба да е во духот на модерното време и живеење, со високи естетски, уметнички и ликовни ефекти, запазувајќи при тоа унифициран концепт на целиот простор. Новогодишното украсувањето треба да биде завршено до 20 ноември“, стои во договорот објавен на страната на Бирото за јавни набавки.

Лани главниот град беше украсен за Нова година, но немаше новогодишна прослава поради пандемијата на ковид-19. Од ВМРО-ДПМНЕ тогаш бараа Град Скопје и општините да се откажат од новогодишно украсување поради пандемијата на ковид-19 односно да не се трошат буџетски пари за новогодишни светилки и украси.