Во Холандија во изминатите 24 часа се регистрирани 10 272 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е најмногу од јули годинава.
Во соопштението од Институтот за јавно здравје и животна средина се наведува дека во последните 24 часа низ државата имало 1 102 лица повеќе заболени со ковид-19 од претходниот ден и дека бројот на дневни случаи се зголемува од октомври.
Холандија има една од најбрзо растечките стапки на инфекција во Европа.
Холандскиот премиер Марк Руте пред два дена најави низа мерки во рамките на борбата против порастот на заразени со коронавирус во земјата, меѓу кои повторно е задолжително носење маска во затворени јавни простори како што се продавници.