Европа во четирите изминати недели и покрај достапноста на вакцините против Ковид-19 бележи раст од 55 проценти на заразени луѓе, соопштија вчера претставници на Светска здравствена организација.
Директор на СЗО за итни случаи, Мајк Рајан, истакна дека европските земји имаат „субоптимална вакцинација“ и покрај достапноста на вакцините.
Тоа е предупредување за светот. Можам да видам што се случува во Европа и покрај достапноста на вакцините, наведе Рајан.
Научничката од СЗО, Соумја Сваминатан посочи дека Коваксин, од индискиот производител Барат Биотек е 70 проценти ефикасна против делта сојот на Ковид-19.
СЗО на 3 ноември ја одобри вакцината Коваксин за итна употреба.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.