Американски државјанин утрово бил приведен во полициската станица во Кисела Вода за претходно сторен прекршок против јавниот ред и мир. Обвинителството бара притвор за 42-годишен државјанин на САД, кој, откако бил приведен во полициска станица, нападнал тројца полицајци со боксови.

Додека тој влегувал во ходникот на станицата, почнал да удира по инвентарот, а кога еден од полицајците го предупредил да престане, тој се свртел и го удрил со бокс по лицето. Истото им го направил и на другите двајца полицајци кои се обиделе да го совладаат. По извесно време, полициските службеници успеале да го совладаат осомничениот.

Против него ќе биде поднесена пријава за кривично дело – напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје.