Утре во официјална посета на Северна Македонија и на Министерството за одбрана ќе престојува министерот за одбрана на Албанија, Нико Пелеши.
Министерот Пелеши во Министерството за одбрана во 09.35 часот ќе биде пречекан од министерката Радмила Шекеринска, каде по официјалната церемонија со највисоки воени почести ќе се реализира тет-а-тет средба на двајцата министри и средба на двете делегации.