Ќе биде прогласена енергетска кризна состојба во државата со единствена цел да може да се вбризгаат буџетски средства во енергетските компании како што се ЕСМ и МЕПСО со цел да се зголеми нивната ликвидност за да може да се интервенира во увозот на струја.

Рестриктивни мерки во моментот не се предвидени. Министерството за економија и сите институции вклучени во енергетскиот сектор постојано имаат состаноци и будно се следи состојбата на електроенергетскиот сектор во државата.

Министерството за економија предложи до Владата, и во саботата беше донесена Уредба за начинот и критериумите за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор со цел да се усогласи со новиот Закон за енергетика. Согласно Уредбата ќе може да се спроведат разни мерки вклучително и Владата директно преку буџетот и институциите кои се директни буџетски корисници на средства да интервенира во енергетските компании какио што се ЕСМ и МЕПСО.

Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши во вчерашното гостување во емисијата „Економски магазин“ на телевизија Алсат.