„Народот многу јасно и гласно ја делегитимираа ова владејачката коалиција и единствен излез од економската криза, енергетската криза, ковид кризата може да се разреши само што побрзо да има нови парламентарни избори и да се состави нова влада и таа нова да се зафати со решавање на овие прашања“, вели аналитичарот Никола Србов во вечерашното гостување во емисијата Само Вистина на Канал 5 телевизија.

„Сметам дека барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е апсолутно логично и полезно за државата бидејќи во спротивно би требало човекот да седи на страна и немо да гледа како се повеќе и повеќе тонеме во државата“, рече Србов.

Тој додаде дека со поразот на локалните избори на СДСМ и Зоран Заев не се делегитимирала само работата на локалните власти, туку се делегитимирале и политиките на централната власт.

„На овие избори не е делегитимирана само локалната власт, на овие избори се делегитимирани сите политики на централната власт, ковид кризата, криминогеноста“, изјави Србов.