Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски предупреди дека се можни рестрикции на струја, поради неодговорното раководење со енергетските ресурси во земјава. Тој вели дека прашањето не е дали туку колку ќе поскапе струјата.

,,А тоа е така поради лошото управување на РЕК, трчањето по тендери, трчањето по тендери поради криминал, а денеска таквото однесување резултира со недоволно количество на јаглен за производство на струја, акумулации и хидропотенцијалот е еднаков на нула, и на крај гледаме дека владата нема никаков потенцијален план за да се справи со сето ова“, вели Мицкоски.