Демократот Ерик Адамс, кој е поранешен полицаец и борец против расната дискриминација, победи на изборите за градоначалник на Њујорк. Во кампањата 61-годишниот демократ го победи републиканскиот ривар Куртис Силв со голема разлика во гласовите со што стана вториот Афроамериканец кој ќе биде градоначалник на Њујорк.
Функцијата ќе ја преземе од демократот Бил де Бласио кој беше на функцијата осум години.
Во кампањата Адамс ветуваше дека ќе ја зајакне безбедноста во градот и ќе им даде глас на работниците, повикувајќи се на своето искуство во полицијата и на искуството со полициската бруталност на која како Афроамериканец бил изложен во младоста. Исто така, тврдеше дека градот не може економски да закрепне ако не се расчисти со криминалот. Тој остро ги отфрлаше и повиците на смалување на буџетот за полицијата оценувајќи дека станува збор за левичарско активизам и се залагаше за рамнотежа помеѓу барањата за зајакнување на полицијата и оние за полициски реформи.