Премиерот Зоран Заев ден, по јавно соопштената одлука дека се повлекува од претседателските позиции во владата и во партијата, ги свика партнерите од коалицијата на координација во владата. Причината е да ги извести за новонастанатата ситуација и да се изгради стратегија што и како понатаму за изборот на нов премиер.
Бидејќи Заев сугерира да нема предвремени парламентарни избори, тоа значи дека новата Влада ќе се крои со гласање во Собранието. Односно, мнозинството пратеници да ја состави новата Влада.
Заев ја извршуваше премиерската функција од од 31 мај 2017 година, со што освои втор претседателски мандат на 15 јули минатата година. Заев беше претседател на СДСМ од 2013 година. Владата на СДСМ и на ДУИ доби поддршка од 62 пратеници во овој парламентарен состав. Во собраниското мнозинство, како дел од коалицијата со која СДСМ настапи на ланските парламентарни избори, партиципираат и Беса, НСДП, ДОМ, ЛДП, Демократскиот сојуз…
Лидерите на овие партии, како и лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе седнат на заедничка маса попладнево.